Мета: Едвај чекам да се вратам во политичките битки

Претседателот на Албанија – Илир Мета вели дека едвај чека да се врати во „политичките битки” по завршувањето на неговиот мандат.

„Ќе продолжиме до 24 јули. Едвај чекам де се ослободам од придружбата, полициските автомобили напред- назад, бидејќи повеќе не ги поднесувам. Со нетрпение очекувам да дадам се од себе за овој прекрасен народ кому му е потребно вистинско лидерство. Првите избори, откако ќе го соблечам ова црно одело ме водат во вистински битки. Илир Мета не е од оние кои продаваат натпревари“ – рече претседателот Мета во Корча.

Тој додаде дека парламентарните избори од 25 април минатата година не бил добиен туку продаден натпревар.

„Нема победник, туку продаден натпревар, пред да почне. Илир Мета не е оние кои го изневеруваат народот“ – посочи тој.