
Меси: Бензема беше фантастичен, нема сомнеж дека треба да ја освои „Златната топка“
Аргентинскиот фудбалски ас – Лионел Меси го кажа својот став за тоа кој треба да ја освои „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер во 2022 година. Меси најголеми шанси за ова му дава на голгетерот на Реал Мадрид – Карим Бензема.
„Нема никакви сомнежи, многу е јасно дека Карим Бензема имаше фантастична сезона и на крајот ја освои и Лигата на шампиони. Тој беше клучен во сите натпревари почнувајќи од осминафиналето. Мислам дека оваа сезона нема сомнеж кој треба да ја освои ‘Златната топка’“ – рече фудбалерот на ПСЖ.
Меси и Бензема сезонава имаа двобој во осминафиналето во Лигата на шампиони, кде Реал со неверојатен пресврт на „Сантијаго Бернабеу“ го елиминираше францускиот шампион.