Македонија во Европа е на врвот според Индексот на мизерија

Преку индексот на мизерија се утврдува економското страдање на една земја според стапките на инфлацијата и на невработеноста. Овие податоци даваат најдобра слика за доходот во целина и за трошоците за живот.

Високата инфлација ја има и во балтичките земји, но таму стапката на невработеност е помала, а тоа значи дека овие земји се помалку економски и социјално ранливи во споредба со Македонија. Економскама беда и социјалното страдање на македонските граѓани според високата инфлација и стапка на невработеност ја прави Македонија една од најсиромашните земји во Европа.

Инфлацијата во Македонија денес е најголема од 1995 година. Во светски рамки земји со највисок индекс на мизерија се Венецуела, Зимбабве, Судан, Либија, Иран, Аргентина, Ангола…

Индексот на мизерија е воведен од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфација.