Латас: Се извинувам ако некој се почувствувал навреден

Новинарот Латас реагираше на случајот со обвинението кое ОЈО за помалку од 24 часа по најавата на МВР денес го донесе против него и јутјуберот Лазаров. Тој за Канал 5 се изјасни:

“Јас сум шокиран од тоа дека таму се бараат одземање пасош а јас сум веќе шест години во машината за мелење на СЈО и не сум избегал од државава. Второ, се бара забрана за мој јавен настап, на новинар на кој јавен настап му е професија, практично тоа е забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука во процес, вие можете сега да направите забрана и две-три години да не донесете пресуда и три години новинарот не може да врши дејност и да работи.

До сега е познато дека јас никогаш не сум имал ваков проблем, особено не со жени, и јас ја почнав емисијата (кај Стефан Лазаров) и ја завршив со тоа што е мојот мотив за занимавање со оваа професија. Тоа е што потекнувам од сиромашна населба и маало и што жените во моето маало брзо стареат, и што јас сум видел дека причина за тоа е политика и затоа се бавам со политичко новинарство. Да им помогнам на жените во моето маало да не стареат (брзо).

Што значи жените ми се мотив за бавење со оваа професија и не се предмет на евентуална омраза.

И водителот (Стефан Лазаров) и јас кажавме дека ниту тој во својата изјава постирана на неговиот профил на Инстаграм и јас, и овој пат, дека во мојот исказ станува збор за некакво раскажување за силување, не станува збор за силување, но тоа ќе го раскажеме таму каде што институциите не повикале.

Овде е целта да се тргнам од јавност затоа што на интересите на таа власт и на нивните невладини организации јас правам пречка и проблем и во нивната времена мерка се бара првично и императвно – тргање од јавност. Тоа е, црно на бело, и потпишано дека тоа е целта на оваа хајка“ изјави Латас за Канал 5.