Лазаров: Инфлацијата кај нас е поголема од онаа на Запад

Професорот Дарко Лазаров истакна дека македонската економија се соочува со многу предизвици кои се сериозен проблем заедно со галопирачката инфлација. Во октомври 2021 достигна 19,8%. Во структурата на инфлацијата порастот на цените е поголем.

– Во потрошувачката кошница, храната има најголемо учество. Животниот стандард и куповната моќ на граѓаните е нарушена. Во изминатиот период бевме сведоци дека владата ја убедува јавноста дека инфлацијата е увезена и тоа не се потврди и заклучуваме дека дел од инфлацијата е предизвикана и од домашни ефекти – вели Лазаров.

Професорот смета дека инфлацијата кај нас е поголема од онаа на Запад и од ЕУ и тоа има негативно влијание. Таа предизвикува сериозен пад на реалните плати кај нас. Владата укажуваше дека има зголемување на просечната номинална плата.

– Со исклучок на март, имаме негативни стапки на раст на платите. Тоа негативно ќе влијае врз куповната моќ на граѓаните. Предлог буџетот излезе пред неколку дена и треба да се анализира и колку тој соодветствува со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Особено поради зголемувањето на цените на енергенсите. Мерките се задоцнети во делот на сузбивање на зголемувањето на цените – вели Лазаров.

Лазаров смета дека владата требаше да преземе подрастични мерки одамна во делот на справување со растот на цените и во соработка со бизнис секторот и коморите во делот на нивните барања за зголемените трошоци.