Лавров: Западните политичари не учеле добро на училиште и не ја познаваат Русија!

Министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров смета дека западните политичари, кои велат дека е „неопходно да се победи Русија на бојното поле“, најверојатно не учеле добро на училиште и добро не ја познаваат земјата.

„Тие велат дека Русија мора „да претрпи пораз“, дека мора „да ја поразат Русија“, дека мора да направат „да изгуби на бојното поле“. Веројатно не учеле добро на училиште“ – рече Лавров.

Тој изрази уверување дека Западот на крајот ќе мора да ја препознае „реалноста што се создава“ и дека западните политичари ќе извлечат погрешни заклучоци од нивното разбирање за минатото.