Куќата на ужасот ќе биде запалена: Се огласи сопственикот на викендицата во која монструмот ја уби Низама

Од населбата Ракија во Градачац до приградското село Сибовац има околу шест километри. Откако ќе се помине градот се оди нагоре по рид, покрај убаво уредени семејните куќи. На крајот од улицата е мала селска продавница, по која излегувате од селото и стигнувате до шумата.

До прекрасната дрвена куќа се стигнува со макадам. Куќата, кој од едната страна е сокриена со зимзелени грмушки и би била многу идилично место во раскошната босанска природа, доколку на една од гредите на оградата, под првата висечка тегла со цвеќиња, нема голема дамка од крв.

Сопственикот на куќата Ади Шакиќ тврди дека ќе ја запали затоа што во неговата викендица се случило страшното злосторство.

-Ади е на одмор и е изненаден, како и сите нас, затоа што убиецот ја однел жената таму да ја убие. Тој немал ниту дозвола, ниту клуч за да влезе во викендицата што најчесто ја користел таткото на Ади, а сега ретко одат таму, изјавил негов близок човек за локалните медиуми.

Тој истакна дека убиството се случило на терасата пред влезот на куќата и дека е јасно дека тоа го направил таму затоа што викендицата била сокриена во шумата што му одговарало на крвавиот план на чудовиштето.

Од оваа викенцица Нермин Сулејмановиќ, со директен пренос на социјалните мрежи ја уби Низама Хеќимовиќ, а потоа таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер со кои се познавал од порано и со кои имале судски спор.

Низама Хеќимовиќ (38), жртвата на лудиот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ, е погребана вчера.