
Кругман: Ако се подобри патната инфраструктура ќе има повеќе странски инвестиции
Нобеловецот по економија – Пол Кругман на Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ до властите во земјава упати да се посвети повеќе на лошите патишта, затоа што тие се клучот за економскиот развој и привлекување на инвеститори. Според него, во време на криза може да се привлечат инвестици од Европа кон земјите од Западен Балкан, а за тоа е важна патната инфструктура.
„Подобрување на патната инфратруктура заедно со инвестиции во транспортот сметам дека се едни од клучните сегменти на кои треба да посвети вниманиe вашата земја. Иако не сум запознаен детално со економијата, сепак, како копнена земја сметам дека транспортното прашање, заедно со работната сила и образованието се меѓу клучните сегменти на кои треба земјата да посвети поголемо вниманиe, заедно со инфраструктурата како еден од поважните сегементи“ – вели Кругман.
Според него, не се очекува глобалната економија да влезе во рецесија, но сите земји ќе имаат забавување на економскиот раст. Во следните две години цените ќе се задржуваат со умерени стапки на раст.
И премиерот Димитар Ковачевски на форумот потенцираше дека ќе има забавување на економскиот раст на земјава, а цените според очекувањата ќе почнат да се стабилизираат по јули годинава.
„Согласно очекувањата на меѓународните финансиски институции за втората половина годинава, предвидуваме стабилизирање на цените.Оттаму, со стабилизирање на ценовните притисоци, со нормализирање на синџирите на добавување, но и со спроведување на Владиниот план за заздравување и забрзување на растот, прогнозите се дека економскиот раст кај нас на среден рок ќе забрза“ – рече Ковачевски.