Крива Паланка бара поддршка од странските амбасади за решавање на проблемот со кравите

Како што информираат од општината, „Со дописот ги информира за последиците од неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток на територијата на општината и бара нивна дипломатска поддршка за трајно решавање на проблемот“.

Општина Крива Паланка денеска упати допис до сите странски амбасади и амбасадори акредитирани во Македонија.

Како што информираат од општината, „Со дописот ги информира за последиците од неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток на територијата на општината и бара нивна дипломатска поддршка за трајно решавање на проблемот“.

„Општината ги повикува амбасадорите во своите разговори со претставниците на Владата и на надлежните институции да го отворат ова прашање, да укажат на ризиците за граѓаните и да ја нагласат потребата од итно и координирано постапување. Преку редовниот дијалог со државните власти, амбасадорите можат да помогнат барањата на жителите на Крива Паланка да добијат внимание на највисоко институционално ниво. Нивното залагање може да придонесе за воспоставување директен работен дијалог меѓу Владата, надлежните агенции и Општината, со цел да се договорат конкретни мерки, да се утврди кој е одговорен за нивното спроведување и да се одредат рокови за постапување на терен“ соопштија од општина Крива Паланка.

Велат дека „Добитокот без надзор се движи по улиците и патиштата, ја загрозува безбедноста на пешаците и возачите и предизвикува штети на земјоделските насади. Присуството на добиток и во дворот на средното општинско училиште дополнително ја нагласува потребата од итни мерки за заштита на учениците“.