Концерт на Мишел Камило со Националниот џез оркестар во Скопје

Националниот џез оркестар вечерва во Македонската филхармонија ќе одржи концерт со еден од најзначајните пијанисти и композитори на светската џез-сцена Мишел Камило, добитник на Греми, три Латински Греми и Еми признание.

Камило ќе настапи со неговите долгогодишни музички соработници Рики Родригез на контрабас и Марк Валкер на тапани. Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Доминиканскиот пијанист и композитор Мишел Камило, ја воодушевува светската публика со својата извонредна пијанистичка виртуозност, препознатливиот музички израз и експлозивната латино-џез енергија. Неговото творештво претставува уникатен спој на џез, класична музика и карипски ритми, а неговата кариера е исполнета со бројни меѓународни признанија, соработки и настапи на најпрестижните светски сцени.

Концертот, како што најавуваат од Националниот џез оркестар претставува посебна можност за македонската публика да доживее музичка средба со еден од водечките светски џез-уметници, во програма што ветува виртуозност, динамика, импровизација и препознатлива латино-џез енергија.