Колумбија ја победи Гана и последна го „завери“ патот во 1/8 финалето

Колумбија го комплетираше списокот на селекции што обезбедија место во осминафиналето на Светското првенство, откако во Канзас славеше минимална победа од 1-0 против Гана.

Колумбија го комплетираше списокот на селекции што обезбедија место во осминафиналето на Светското првенство, откако во Канзас славеше минимална победа од 1-0 против Гана.

Јужноамериканците ја потврдија фаворитската улога, иако до триумфот не дојдоа така лесно како што се очекуваше. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат уште во 14. минута, кога Џон Ариас одлично реагираше на нафрлувањето на Луис Суарез и ја испрати топката во мрежата. Интересно е што Суарез во игра влезе многу рано, откако Џон Кордоба се повреди уште во шестата минута.

Проблеми со повреди имаше и Гана, која веќе во 10. минута остана без десниот бек Сењаја, па и двете селекции беа принудени на рани измени.

По водството, Колумбија мудро го контролираше ритамот на натпреварот, препуштајќи му ја иницијативата на противникот. Гана беше принудена да игра поофанзивно, но и покрај поголемиот посед и неколкуте обиди, не успеа сериозно да го загрози колумбискиот гол.

На спротивната страна, Колумбијците создадоа повеќе опасни ситуации преку брзи контранапади, но голманот Ати Зиги со неколку извонредни интервенции ја одржуваше неизвесноста. Тој ги одбрани ударите на Луис Дијаз, Јохан Мохика и Густаво Пуерто, а Дијаз во второто полувреме постигна и гол кој беше поништен поради офсајд. До крајот без успех во завршницата останаа и Давинсон Санчез и Хуан Кинтеро.

Сепак, Гана во текот на целиот натпревар не успеа да создаде вистинска шанса, па Колумбија сосема заслужено се пласираше во осминафиналето. Следен ривал на Јужноамериканците ќе биде Швајцарија, а дуелот е закажан за вторник од 22:00 часот во Ванкувер.