Ковид 19 ја „распарчи“ Велика Британија, над 150.000 смртни случаи

Со денешните 313 смртни случаи како последица од Ковид-19, во Велика Британија вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 150.057 лица, со што земјата е една од најтешко погодените во Европа.

Во последните 24 часа биле пријавени 146.390 позитивни случаи, најмногу со новиот сој – Омикрон.

Здравствената служба за Англија објави дека на 2 јануари повеќе од 39.000 болнички работници отсуствувале од работа затоа што морале да бидат изолирани поради инфекција или биле во контакт со позитивно лице.

Британската Влада во петокот објави дека стотици воени лекари биле испратени како засилување во британските болници и службите за итни случаи за да го надополнат растечкиот недостиг на персонал.