Информациите од ковид амбулантите во Србија покажуваат се поголеми гужви, а епидемиолозите за 10-тина дена очекуваат рекорден број на заразени со Ковид 19.
Денешните податоци од нашиот северен сосед покажуваат 5.224 новозаболени и 19 починати, за разлика од вчера кога беа евидентирани 2.765 заразени.
Се чини се остваруваат сценаријата на епидемиолозите дека празниците и новогодишните забави ќе доведат до зголемување на бројот на заболени.