
„Втор ден Министерството за одбрана молчи за украдените класифицирани документи и за украдените компјутери на кои имало строго доверливи документи. Голем срам е министерство за одбрана на НАТО членка да биде нетранспарентно за ваков настан, а уште поголем срам е да си неспособен да заштитиш класифицирани документи и компјутери“ пишува на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Ковачки посочува дека „ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери. Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за ВИТАЛНИТЕ интереси на Република Македонија“.
„Кога се крадат класифицирани документи (мобилизациски) со степен на тајност Строго Доверливо, а за тоа молчи Министерот – Славјанка Петровска, а молчи и Врховниот Командант – во случајов Стево Пендаровски, се отвора сомнеж дека сакаат да го прикријат настанот со цел да се спасат од одговорност“ вели тој.