Ковачевски со највисоки државни и воени почести го пречека Рама

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.

Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама.

По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.

Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.

По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.