Премиерот Ковачевски изрази благодарност до францускиот претседател Макрон каде имаа средба во Братислава. Благодарноста беше како резултат на неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ.
Претседателот Макрон ја поздрави одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција. Ковачевски и Макрон се согласија дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ.