Холивудски актер Кевин Спејси допатувал во Загреб во посета на режисерот Јаков Седлар. Хрватските медиуми пишуваат дека режисерот се подготвува да снима филм за првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, а наводно него треба да го глуми токму Спејси.
Се уште не е официјално потврдено дали Седлар и Спејси постигнале договор за снимање на филмот, деталите се уште се чуваат во тајност, а ниту режисерот Седлар не сака да зборува премногу за проектот.
Во Хрватска не е снимен игран филм кој би го прикажал првиот хрватски претседател.