Касјанов: Почетокот на крајот на војната почна

Поранешен руски премиер, Михаил Касјанов за „Скај њуз“ изјави дека има знаци оти војната се ближи кон крајот велејќи дека Москва очигледно почнува да ја губи војната. Тиј рече дека повлекувањето на руските трупи од Харков и Херсон е „демонстрација дека Путин ја губи војната“.

„Мислам дека за неколку месеци тоа ќе биде последниот чин од војната“, изјави тој за „Скај њуз“.

Сепак, тој рече дека „јасно е оти Путин не сака да запре“ и го опиша рускиот претседател како „фанатик“.