Казнети се 165 возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 27 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат.