
И ги продал акциите на сопругата за да не му го запленат имотот
Рускиот олигарх Андреј Мелниченко само еден ден пред да стапат на сила мерките усвоени од Европската Унија против милијардерите блиски до рускиот претседател Владимир Путин, ги продал акциите од две големи компании на својата сопруга и заштедил голем дел од својот имот.
Мелниченко минатата година беше рангиран од Форбс како осми најбогат човек во Русија, со богатство од 18 милијарди долари.
Европската Унија го санкционираше наведувајќи ја неговата близина со Кремљ.
Санкциите кои вклучуваат замрзнување на неговиот имот, забрана за влез во Европската Унија и забрана на субјектите на ЕУ да му обезбедуваат средства – не се однесуваат на неговата сопруга или ќерката и синот на двојката.
Мелниченко е сопственик на јахтата „А“ – најголемиот мотосејлер во светот, благодарение на неговите 143 метри должина, но тој е „замрзнат“ од Финансиската полиција во Трст на 13. март. Јахтата вреди 530 милиони евра, а тежи околу 13.000 тони.
Мелниченко ѝ ја предаде контролата на двете најголеми светски компании за јаглен и ѓубрива на својата сопруга еден ден пред да биде санкциониран од ЕУ.