„Институциите да го истражат и покренат постапка за случајот со автомобилот на Рашковски“

Бесрамното однесување и лажење на Рашковски е скандал и институциите веднаш да го истражат случајот за да докажат дека се надвор од политичко влијание“. Ова е изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот на екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој за возило од 50.000 евра, пријавил награда од само 5.000 евра. Мицкоски посочи дека доколку институциите не реагираат веднаш, само ќе докажат зошто се нефункционални и зошто Македонија е оценета како хибриден режим и е 111. место по корупција.

„Ги повикувам институциите тоа да го истражат и веднаш да покренат постапка затоа што само така ќе докажат дека се непристрасни и дека надвор од политичко влијание. Во спротивно ќе покажат дека уште еднашка зошто сме хибриден режим и 111. на скалата на Транспарентност Интернационал без функционално судство  и без функционално обвинителство и за жал ќе продолжиме да ги разочаруваме граѓаните од чии што пари се полни буџетот, а тој буџет ги плаќа овие политичари како Рашковски“ – рече Мицкоски.