Изгласани законите за платите на функционерите да останат исти

Според законските измени, кои ги предложи СДСМ, досегашното покачување од 78% на платите на пратениците, министрите, дел од директорите, градоначалниците, судиите, обвинителите ќе остане, но преку намалување на коефициентот на пресметка – нивните плати во март нема да се усогласат туку ќе останат исти.

Вицепремеирот Фатмир Битиќи,претходно рече дека вака предложените измени се најдоброто решение во моментов. Вели иако досега неколку пати се дискутирало и се предлага решенија, нема согласност од сите министри за намалување на нивните плати. Според него потребна е целосно нова методологија.

„Да се прашував јас, требаше да се вратиме во целосно нова методологија, да биде истата методологија како и за работниците во јавниот сектор во овој момент ја имаат, ама јас сум еден од 20те министри и затоа сметам дека ова најдоброто можно решение во овој момент….“ — изјави Фатмир Битиќи – вицепремеир за економски прашања.

Измените доаѓаат откако сегашниот лидер на партијата, а поранешен претседател на Владата, Димитар Ковачевски тврдеше дека намалувањето на функционерските плати е комлексен и сложен процес.

„Во однос на функционерските плати треба да се менуваат 7 закони. При што кај дел од функционерите постојат законски одредби дека не може да се намалува платата, постојат такви одредби на пример кај платите кај судиите, делот на пратениците е регулирано со закон за пратеници, а пратениците се над тие што ги бираат а тоа е Владата.“- -изјави Димитар Ковчаевски – претседател на Влада.

Денеска реагираа и од Сојузот на синдикати, велат ваков предлог тие упште лани испратиле во собранието, но тој се чувал во фиока.