Извештај на ОН: Во Авганистан камшикување е сеуште јавно

Во извештајот на Обединети нации кој е објавен денеска стои дека во последните шест месеци во Авганистан јавно камшикувани се 274 мажи, 58 жени и две момчиња.

– Телесната казна е кршење на Конвенцијата против тортура и тоа мора да престане. ОН силно се противат на смртната казна и ги повикуваат властите итно да воведат мораториум на егзекуциите, изјави директорката на канцеларијата на ОН за човекови права во Кабул, Фиона Фрејзер.

Талибанското Министерство за надворешни работи соопшти дека осудените се казнети врз основа на исламскиот кривичен законик и дека казните се неопходни за да се гарантира целосна безбедност на луѓето. Во соопштението се додава и дека секој политички систем има свои стандарди и пристапи.