Земјотрес со јачина од 2,8 степени во Кичево

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според локална Рихтерова магнитида е почувствуван во Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е регистриран изутрина во 01:27 часот. Епицентарот на земјотресот бил во Кичево, на 64 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Кичево и околината, а бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.