![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/uploads_thumbs_resize_800x420_481593-750x430.jpg)
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Црна Гора.
Епицентарот бил на 13 километри од Подгорица, односно 4 километри северно од Толош. Потресите се почувствувани во 3 часот и 40 минути.
Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 19 километри.
Според граѓаните, земјата се затресла, а за среќа никој не е повреден.
„Овој пат се извлечевме“, напиша еден корисник на Твитер, алудирајќи на одамна најавите на сеизмолозите дека се очекува голем земјотрес во областа во просторот од 100 години од последниот силен во 1979 година.