
Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22:44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.
– Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала – соопшти Опсерваторијата.