Зеленски: Ќе се испита опција за прекин на односите со Русија!

Володимир Зеленски – претседателот на Украина изјави дека како опција се разгледува прекинување на односите со Русија. Тој нагласи и дека побарал веднаш да се запре проектот „Северен поток 2“.

„Добив барање од Министерството за надворешни работи да се разгледа прашањето за прекин на односите меѓу Украина и Руската Федерација“, рече Зеленски.

Додаде дека Русија мора да биде казнета поради нејзиното признавање на двата региона на Украина под контрола на сепаратистите со „итни санкции“ кои в клучуваат „целосно запирање на Северен поток 2“.