Зеленски: Турција е подготвена да пренесува ранети и загинати со брод

Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега – Володимир Зеленски се договориле Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави „Т24“, цитирајќи изјава на украинскиот претседател.

„Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол од безбедносни причини. Затоа ранетите и загинатите мора прво да се однесат во Бердјанск. Ситуацијата во Мариупол е една од најтешките“. Турција посредува во оваа специјална мисија. Разговарав со Ердоган, Ердоган разговараше со Путин. Сега се зависи од неговото одобрување (на Путин)“ – рече Зеленски.

Турскиот министер за одбрана – Хулуси Акар рече дека Анкара е подготвена да обезбеди брод за транспорт на ранетите украински граѓани и загинатите во Мариупол. Тој нагласи дека за ова прашање се преговара со руските и украинските власти.