Зеленски: Срце ми се кине, Русија сака нашиот народ на колена да моли за леб и вода

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски во видео порака објавена денеска рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.

„Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови“ – рече Зеленски.

За коридорите до пристанишниот град Мариупол, за источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми, Зеленски рече:

„Срце ми се кине кога гледам што им направија окупаторите на нашите градови, на нашата земја, но и што сакаат да му направат на нашиот народ, на кој му е потребна итна помош. Русија сака да го понижи нашиот народ да моли на колена за леб и вода, и да можат да си ги спасат животите само со одење на окупираната територија или во Русија. Затоа тие ги блокираат Мариупол, Волновахи и другите градови“ – рече украинскиот претседател.