Зеленски потпиша барање Украина да стане членка на ЕУ

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија.

Зеленски побара од Европската унија да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили.