Зеленски: Не ја спонзорирајте руската воена машинерија!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски ја повика Европската Унија да воведе ембарго на руската нафта.

„Пред се, ни треба ембарго на руската нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од сета руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машинерија“ – рече Зеленски, пренесува „Гардијан“.

Претседателот на Украина додаде дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“.

Тој изјави дека групата подготвила конкретни предлози за тоа како да се елиминираат слабостите во санкциите и како веднаш да се зајакнат санкциите за Русија да ги почувствува нивните ефекти.