Зеленски: Во Херсон извршени истите злосторства како и во другите делови на Украина

Руските војници ги извршиле „истите злосторства“ во Херсон како и во другите региони на Украина што ги окупираа, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските трупи презедоа делови од регионот Херсон од левата страна на реката Дњепар – вклучувајќи го и главниот град Херсон – кој руската армија го окупираше на крајот на февруари на самиот почеток на инвазијата и неодамна го напушти во согласност со наредбите од Москва.

– Пронајдени се тела на убиени: цивили и војници. Во регионот Херсон, руската армија зад себе ги остави истите ѕверства како и во другите региони на нашата земја, каде што можеше да влезе, рече Зеленски.

Тој вети дека „секој убиец ќе биде пронајден и изведен пред лицето на правдата“.

Украинскиот претседател исто така изјави дека се документирани 400 руски „воени злосторства“, без да прецизира дали податоците се однесуваат само на регионот Херсон.