Здравствената состојба на Лукровска е таква што бара мирување, порача премиерот
Здравствената состојба на градоначалникот на Карпош е таква што бара мирување – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја состојбата на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој од пред еден месец е на боледување.

На новинарско прашање дали отсуството на Лукровски кое трае повеќе од 30 дена претставува злоупотреба, премиерот порача „За ова ќе одговори претпоставувам директорот на Фондот за здравствено осигурување“.
Мицкоски за политичкиот контекст на ситуацијата – дека граѓаните го избрале Лукровски да ја води Општина Карпош, а не член од Советот рече:
„Во однос на политичкиот контекст, јас како што знам Сотир Лукровски е сè уште градоначалник на Карпош“.
Тој додаде дека здравствената состојба на Лукровски е таква што бара тој да биде во мирување.