Белградска Црвена звезда одигра одлиен натпревар и со 68:56 го победи лутиот ривал Партизан за да израмни на 2:2 во финалната серија во АБА-лигата и да обезбеди „мајсторка“ за титулата.
Партизан победи во првите два меча во својата арена, по што Звезда врати со две домашни победи.
Кампацо го заврши мечот со 21 поен, а Огњен Добриќ додаде 14 за Звезда, додека кај Партизан, Данте Ексам остана на само 12 поени.