За Мицкоски предлогот на СДСМ за нов кривичен закон е за рубриката „Верувале или не“
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување дела и избегнување одговорност.

– Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, мислев дека станува збор за нешто што би можело да се прочита во рубриката „Верувале или не“. Затоа се воздржав од коментар и почекав извесно време. Но, гледам дека тие сериозно ја промовираат оваа идеја и очигледно навистина веруваат во неа. Станува збор за луѓе што беа дел од власта во периодот кога беа направени измени на Кривичниот законик, со што беа избришани одредени одредби што овозможија застарување или избегнување одговорност за голем број предмети поврзани со висока корупција – рече Мицкоски. И, денес, без никаква задршка, додаде тој, десетина дена ја убедуваат македонската јавност дека токму тие ќе бидат носители на борбата против корупцијата.
– Искрено, тешко ми е да се изначудам на тоа што го слушам. Доколку навистина се убедени во својата невиност, тогаш не треба да стравуваат од ниеден судски процес. Но, моето чувство е дека работите не стојат така – рече премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новиот базен „Карпош“.