![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/01/jyrhtgf-750x430.jpg)
Полицијата во Шпанија уапси 10 лица и заплени 55 килограми хероин – соопшти денеска полицијата.
Бил растурен синџир на шверцери со седиште во провинцијата Толедо, откако набавиле големи количини хероин од Холандија, а потоа го дистрибуирале во централна и западна Шпанија.
Претреси биле извршени на осум локации во Мадрид, Толедо и Касерес.
Истрагата за синџирот на дрога започна во март, а во декември беше запленета голема пратка хероин.