Задолжителен негативен PCR тест за влез во Грцијa

Од утринава е на сила нова одлука во Грција – за влез во земјата задолжителен е негативен резултат од PCR или рапид тест, ова важи за сите патници со наполнети 5 години, меѓу кои и оние од Северна Македонија, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19.

Ова е привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година. Одлуката ќе трае до 10 јануари 2022 година.

Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција.

Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.