Жените и девојки Ромки на насилството и дискриминацијата ќе се спротистават само ако си ги знаат правата и имаат оформено образование

Неоформеното основно образование и тешкиот пристап до вработување, економската зависност ги ставаат жените Ромки во особено ранлива положба. Сабина Асанова претседателка на асоцијација „Родоп“-Штип вели дека за многу од жените и девојките немањето на сопствени приходи значи и ограничени можности да излезат од средина во која се изложени на насилство. Дополнително, дискриминацијата ја чувствуваат и при барањето работа, во здравствените установи и во образовниот систем. Таа предупредува дека стравот, немањето финансиска сигурност и отсуството на поддршка ги обесхрабруваат жените да побараат помош.

-Голем дел од жените кои што трпат насилство се повлекуваат и немаат храброст да пријават, бидејќи немаат поддршка каде да се обратат. Финансискиот дел им е најголем проблем, исто така и домувањето. Немаат каде да се вратат. До сите жени Ромки апелирам да се охрабрат, да пријавуваат, да се образоваат, да станат дел од општеството, да се вработат, да се вклучат на пазарот на трудот и секогаш да бидат економски независни- вели Асанова, преседател на Ромската асоцијација „Родоп“.

Во рамките на проектот, вклучени се и стручни лица, психологот Весна Трајковска додава дека особено важна е улогата на институциите во обезбедувањето заштита и создавање услови во кои жртвите нема да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од насилството.

– Сметаме дека пред се, подигањето на свесноста е прв важен чекор во тоа да се спречи и да се реагира во случај на семејно насилство, но исто така е важно да ја понудиме сите на секој на свој начин како што можеме институционална и вонинституционална поддршка за жртвите на насилство- рече Трајковска.

Инаку, само осум од сто жени Ромки се вработени. Ова го покажуваат податоците на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за периодот од 2022 до 2024 година. Неоформеното образование и сиромаштијата остануваат главни пречки за нивно вработување.