Железниците на Србија и Македонија се спојуваат

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Прохор Пчињски изјави дека Србија и Македонија ќе бидат уште подобро поврзани, од инфраструктурна страна.

Во обраќањето тој информираше дека српската трговска размена со Македонија изнесува 1,5 милијарди евра на годишно ниво.

Тој најави и дека се разговара за спојување на железницата на двете земји.

„Заедно со Европејците ја градиме брзата пруга Белград-Ниш. Веќе почнуваат работите на Ниш-Брестовац, 23 километри, што е некаде околу 60-70 милиони евра. Уште 450 милиони евра ќе не чини железницата. до Прешево, односно до преминот со Северна Македонија“ – рече тој.

„Ќе бидеме уште подобро поврзани со Северна Македонија“, заклучи Вучиќ.