
Поранешниот НБА кошаркар Теренс Вилијамс е обвинет за измама на медицинскиот систем на НБА. Теренс Вилијамс дојде од Луисвил во НБА во 2009 година и беше 11-ти пик на драфтот, а играше за Нетс, Рокетс, Кингс и Селтикс.
Како што пренесуваат американските медиуми, тој е осуден на федерален суд на десет години затвор за измама на медицинскиот систем на лигата за 5 милиони долари.
На Вилијамс (36) му беше наложено да предаде 650.000 долари и да плати 2,5 милиони долари како реституција на НБА за измама на здравствениот план помеѓу 2017 и 2021 година во Калифорнија и Вашингтон.
Службениците за спроведување на законот откриле дека Вилијамс ангажирал одредени поединци да уредуваат лажни медицински сметки, а сето тоа имало за цел да го измами планот за здравствени придобивки дизајниран за активните и поранешните играчи на НБА и нивните семејства.
Судијата Валери Е. Капрони за време на изрекувањето на пресудата изјави дека Вилијамс проневерил огромна сума пари што ги заработил играјќи кошарка и веќе требало да му бидат обезбедени до крајот на животот.
Вилијамс се изјасни за виновен за заговор за извршување измама во здравствената заштита и тешка кражба на идентитет.
Неговиот случај беше дел од пошироката истрага што доведе до кривична пријава против 18 поранешни играчи на НБА.
Досега 13 од нив ја признаа вината, а некои наместо затвор добија „одлежено време“ или условна казна.