Едстадлер:Европската унија не е комплетна без сите шест балкански држави

Европската унија мора да му даде перспектива на Западен Балкан за да се врати довербата на многу неисполнети очекувања, и тоа побрзо отколку досега, бидејќи од крајот на февруари во Европа ништо нема биде како порано, истакна денес министерката за европски прашања во Владата на Австрија Каролине Едстадлер.

По повод Самитот на млади на Западен Балкан, кој е одржан во Виена, таа кажа дека Западен Балкан мора да се вклучи во креирањето на иднината на Европа,а посебно младите од тој регион.

Пренесе дека на Самитот на младите е потпишана декларација во која се изразува подготвеност на заедничка работа на иднината на Европа.
„Европската унија не е комплетна без сите шест држави на Западен Балкан. Мораме да го поддржиме Западен Балкан и да му дадеме веродостојна перспектива. Мораме во тој регион да ја вратиме довербата која исчезна бидејќи многу очекувања останаа неисполнети. Од крајот на февруари повеќе ништо нема да биде како претходно во Европа’, порача Едстадлер, пренесува Тањуг.

Таа истакна дека младите не треба да се потценуваат, туку треба да бидат што повеќе вклучени во сите области.