Едно лице почина, друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Едно лице загина а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во саботата попладнето лифт во угостителски објект во Штип.

Надлежните од СВР Штип ги потврдуваат информациите за трагедијата, којашто се случила попладнево во угостителски објект во Штип.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.