
Еврејската заедница, како што изјави Леви за ТВ Сител, остро се спротивставува на повампирувањето на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.
– По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е директна провокација. Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот. Не може фашизмот на таков начин на голема врата да се враќа во Македонија, тоа е недозволиво. Ние ќе поднесеме и кривична пријава до Обвинителството“, изјави Леви за ТВ Сител.
На 7 октомври е најавено отворање на бугарскиот клуб именуван по сојузникот на Хитлер во Втората светска војна. Овој настан, случајно или намерно, е предвиден четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија.
Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната посета на Бугарија изјави дека „односите биле релаксирани во последниве месеци“:
– Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје. Бугарите утре имаат парламентарни избори и јас сум задоволен дека „темата Македонија“ повеќе не е меѓу приоритетните, изјави вчера Пендаровски од Софија.