
„И втор ден по скандалозните изјави на Александар Николоски во кои тој повикува на војна среде Собрание, слично на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се оградија од тие закани“ велат од ДУИ.
Од владејачката партија соопштуваат дека „Николоски е охрабрен од неговиот лидер Мицкоски, кој објавува фотографии на заколнати во маскирна униформа, празен калашников во рака и опкружен со деца и жени, на кои демонстрира закани кон Албанците“.
„Мицкоски се уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници на општините дека строго им забранил да ги легализираат куќите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со бизнисмени Албанци, а не да издава градежни дозволи, поттикнати од расистичка демографска политика. Нивната мртва трка со левицата на Апасиев ја разгорува етничката нетрпеливост, која секојдневно ја гледаме и слушаме на контактните емисии на македонските телевизии и е директна последица на наративот и сликите на Мицкоски, Николоски и Апасиев“ се вели во партиското соопштение.