
Премиерот на техничката влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ синоќа бил нападнат во дискотеката „Топ Хил“ во Будва, јавуваат тамошните медиуми.
Очевидци на настанот за „ЦдМ“ изјавија дека виделе дека полицијата го евакуирала Абазовиќ и дека привела неколку лица.
„Изгледаше дека е нападнат затоа што човекот го пцуеше до влегувањето во полициска станица. Интервенираа 15-20 полицајци“, велат очевидци на настанот.
Полицијата, пак, тврди дека Абазовиќ не бил нападнат.
„Беа турнати неколку луѓе, а Абазовиќ во тоа време се движеше кон излезот“, неофицијално велат од полицијата за „ЦдМ“.
Концертот на Дино Мерлин се одржа синоќа во дискотеката „Топ Хил“ во Будва.