Државјанин на Албанија загина во канал во Челопек

Вчера во тетовската Клиничка болница без знаци на живот бил донесен Л.Б. (54) од Република Албанија.

Тој работел на ископување канал во тетовски Челопек, по што врз него се урнала земја во каналoт што го копале.

Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот.