Директорот на ДПИ, Горан Трајковски направи контрола да види дали се почитуваат гарантираните цени.
Трајковски вели дека големите ланци на трговци ги намалиле цените. И во наредните денови и додека трае одлуката, ДПИ ќе прави контроли.
„Мерката се почитува, а на производите стои „гарантирана цена“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
„Апелирам до сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават во ДПИ на телефонскиот број 02 191 којшто работи 24 часа“, рече Трајковски.
Вели дека оваа мерка е со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Aко има непочитување, ќе има и затворање на маркети.