
Организаторите на УС Опен најавија дека годинава ќе имаат рекорден награден фонд.
Вкупниот награден фонд за овогодинешниот УС Опен ќе изнесува нереални 65 милиони долари, најавија челниците на четвртиот тениски грен слем во сезоната. Тоа е за пет милиони долари повеќе од турнирот од минатата сезона.
Победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе заработат по три милиони долари, што е за 15 отсто повеќе од лани кога шампионите добија по 2,6 милиони долари.
Добро ќе заработат и останатите учесници на овогодинешниот турнир. Верувале или не, за самото појавување во главната ждрепка, тенисерите добиваат по 81.500 долари.
Шампионите во конкуренција на двојки ќе добијат по 700.000 долари по тим.
Да потсетиме, наградниот фонд на Австралија Опен и Ролан Гарос беше 53 милиони, а на Вимблдон 56,5.