Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди своите поддржувачи со луѓето кои одат да ја видат Мона Лиза „стотици пати“ за да објасни како тој сè уште успева да привлече огромна толпа, пишува Politico.
„Има луѓе кои сакаат да ја видат Мона Лиза, ја сакаат Мона Лиза и ќе ја видат стотици и стотици пати и таа станува поубава секој пат“, рече Трамп во интервју за велшката јавна телевизија S4C, пренесена од британската Дејли Мирор.
„Тоа е нешто интересно, а всушност се истите 20 теми за кои разговараме: зборуваме за границата, зборуваме за војската, зборуваме за ниски даноци“, додаде поранешниот претседател.
Трамп, кој во ноември ја објави својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година, моментно е во средината на својата кампања, борејќи се со својот примарен републикански ривал, гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, за да ја обезбеди номинацијата на партијата.
Последните анкети го ставаат Трамп далеку пред ДеСантис: тој е фаворизиран од повеќе од 50 отсто од републиканските прелиминарни гласачи, со 30 поени предност пред гувернерот на Флорида.