Добра вест за туристите: Грција ги замрзнува цените во супермаркетите на два месеци
Туристите во Грција не треба да се грижат дека ова лето ќе бидат пречекани со „надуени“ цени за основните прехранбени производи. Имено, грчкиот министер за развој, Такис Теодорикакос, најави замрзнување на цените во супермаркетите во текот на два летни месеци, заедно со план за значително намалување на цените почнувајќи од почетокот на септември.

„Крајот на војната на Блискиот Исток води кон нормализација на цените на нафтата и, следствено, намалување на меѓународните инфлаторни притисоци што се насобраа во последните месеци. На состанокот со претставници на индустријата и супермаркетите беше постигнат договор за потребата ова олеснување да се одрази, во прва фаза, на цените на производите во текот на двата летни месеци, со целосна стабилизација на цените и без нови зголемувања“, рече Теодорикакис.
„Треба да напоменам дека ова важи и за 2.000 кодови на производи кои забележаа намалување на цените од шест проценти во последните неколку месеци како резултат на строгата примена на мерката за ограничување на профитот што ја воведовме како итна мерка. Деловната заедница се обврза да ги одржи овие намалувања во текот на летните месеци за овие 2.000 кодови“, додаде тој.
Тој, исто така, најави она што го опиша како „национален социјален пакт“, што ќе се започне наесен за поддршка на просечното грчко домаќинство – значително намалување на цените на основните потрошувачки стоки, потсетувајќи ја јавноста дека мерката за итно ограничување на профитот истекува на 30 јуни.